Веќе 25 години на македонскиот пазар, добро позната пекарата и слаткара Специјал, ги освојува потрошувачите со нејзините вкусни специјалитети.

Superbrand

Пазар – Market

Веќе 25 години на македонскиот пазар, добро позната пекарата и слаткара Специјал, ги освојува потрошувачите со нејзините вкусни специјалитети. Со повеќе од 200 вработени со посебни квалитети, кои навремено и со најдобар квалитет ги исполнуваат задачите, ја прави лидер во пекарството на македонскиот пазар. Компанијата, своите производи ги пласира низ сопствен ланец на продавници некои сместени во најголемите трговски центри во главниот град на државата. Во иднина, асортиманот на производите ќе се проширува и ќе се работи на отворање на повеќе нови продажни локали.

Достигнувања – Achievements

Фирмата Специјал може да се пофали со голем асортиман на производи, кој постојано се зголемува, направен од рацете на вешти луѓе, кои со својата професионалност, талент и посветеност придонесуваат Специјал да се стекне со препознатливост, односно да стане “Brand name”.
Бизнис соработка со деловни партнери од Хрватска, Италија и Грција, што е доказ за сериозниот и професионален пристап во работењето на компанијата. Уште еден доказ за квалитетните и вкусни специјалитети на Специјал се голема распространетост и секогаш полните пекари.

Историјат – History

Специјал е пекарско-слаткарска фирма со 25 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Семеен бизнис кој има изградено бренд со сопствени уникатни производи. Нејзината долгогодишна традиција и искуство, како и постојаното унапредување и зголемување на асортиманот на производите го прави Спицијал број 1 во сферата на пецивата.Производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема.
Фирмата соработува со повеќе деловни партнери кои ги сабдува со лепеза на производи. Сите производи соодветно се пакуваат во зависност од производот кои потоа со сопствен возен парк се дистрибуираат до потрошувачите.

Производ – Product

Производите на Специјал уште од самиот почеток се карактеризираат со креативност и умешност базирани на традиционални рецепти од нашето поднебје. Квалитетот на производите е резултат на комбинација од примена на традиционални рецепти во современи технолошки процеси. Компанијата постојано се надградува и ги адаптира своите производи за биде поблиску до потреби и можностите на потрошувачите. Од 2014 година на пазарот е новото лице на Специјал Продукт. Тука спаѓаат нови производи, како и подобрување на постоечките, ново брендирање на самата компанија користење на социјални алатки и отварање на нови локали. Довербата која пекарата ја добива од потрошувачите е показател дека Специјал е омиленото место каде што може да се ужива во вкусовите на нови и егзотични пекарски и слаткарски изненадувања.
Големиот број на различни производи, повеќе од 200, на Специјал е поделен на повеќе групи како што се

  • Леб – пекарата брои 37 различни видови на лебови меѓу кои: баварски, чијабата, близнак леб, сецкан, багет со кашкавал, домашен лен, интегрален, компиров, леб алое вера, пчекарен и многу други.
  • Пецива– повеќе од 50 пецива со различни вкусови
  • Колачи, торти и сладоледи –51 различен вид на слатки задоволства
  • Готови јадења, салати и сендвичи – за сите љубители на тазе зготвени јадења, разновиден избор на ладни сендвичи и свежи салати
  • Бурек, пита, пастрамајлија и пица – домашни пити, вкусни пастрамајлии и уникатни пици

Скорошен развој – Recent developments

Нови современи пекари, централен софтвер кој ги поврзува сите продажни и производствени единици. Високо ниво на контрола и точност во работењето. Преку современи алатки и методи контуинирано компанијата работи на подобрување на продуктивноста на вработените. Компанијата во континуитет работи во развој на нови производи, производи со здрави и функционлни состојки. Во насока на здравата исхрана и следење на новите трендови. Компанијата постојано е насочена во усовршување и подбрување на личните компетенции на вработените преку соодветни обуки и тренинзи стекнати на локално и меѓународно ниво. СПЕЦИЈАЛ ПРОДУКТ контуинирано вложува во нова опрема и подобрување на постоечката со цел соодветно да одговори на HACCP и ISO стандардите.

Промoција – Promotion

Facebook секојдневна комуникација на facebook страната на компанијата и грижа за потрошувачите
Веб-страна каде што детално се објаснети и приложени сите производи, како и новости и промоции на компанијата
Промоции преку намелени и подостапни цени и комбо промоции
Промоции преку специјални понуди и тековни маркетинг кампањи

Вредности на марка – Brand values

Целта на компанијата е да создаде бренд кој на секое поле ќе биде компатибилен со европските стандарди и принципи, а воедно и окарактеризирана како една од ретките македонски фирми која може да се пофали со уникатен производ кој со своите специфичности би бил препознатлив и различен од другите. Уште нешто што го двои Специјал од конкурентите е посветеноста за постојано подобрување на соодносот цена – квалитет. Компанијата успешно ја остварува својата цел.

Дали сте знаеле ... Things you didn’t know about…

СПЕЦИЈАЛ
  • Специјал брои вкупно 7 пекари низ Македонија
  • Главна атракција се традиционалните готвени јадење
  • Освен посебни пекари, Специјал има свои “shop in shop”во поголемите маркети како Ramstore и Vero.
  • Специјал е единствена во пекарско-слаткарскиот бизнис во Р.Македонија која работи по европски стандарди за екологија и енергетска ефикасност