Веќе 25 години на македонскиот пазар, добро позната пекарата и слаткара Специјал, ги освојува потрошувачите со нејзините вкусни специјалитети.

За Нас

СПЕЦИЈАЛ е пекарско-слаткарска фирма со 24 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Ангажирани се 200 вработени со соодветни квалитети кои им овозможуваат навремено и квалитетно да ја завршат работата притоа почитувајќи ги соодветните зададени задачи. Со цел производите навремено и квалитетно да се произведат и достават до потрошувачите работата е професионално организирана во сите сегменти.

Производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема.

Фирмата соработува со повеќе деловни партнери кои ги сабдува со лепеза на производи. Сите производи соодветно се пакуваат во зависност од производот кои потоа со сопствен возен парк се дистрибуираат до потрошувачите. Веруваме дека квалитетот на нашите производи е резултат на комбинација од традиција и користење на современи технолошки процеси. Со цел да се биде во чекор со најновите достигнувања во пекарскиот бизнис се инвестира не само во техничко-технолошките аспекти од работењето туку и во обучување на работниот кадар преку посета на семинари и секаков вид на методи за нивно работно и стручно издигнување.

Разновидниот асортиман се состои од повеќе од 200 производи направени од рацете на луѓе кои со својата професионалност, талент и преданост придонесуваат да Специјал добие препознатливост, “brand name”, синоним за квалитет, а довербата што ја добиваме од потрошувачите е показател дека Специјал добива примат на омилено место каде може да се ужива во вкусовите на нови егзотични пекарски и слаткарски изненадувања.

Нашата бизнис соработка со деловни партнери од Хрватска, Италија, Грција е доказ за нашиот сериозен и крајно професионален пристап во работењето. Наша цел е да создадеме бренд кој на секое поле би бил компатибилен со европските стандарди и принципи. Наша интенција е да бидеме окарактеризирани како една од ретките македонски фирми која може да се пофали со свој уникатен производ кој со своите специфичности би бил препознатлив и поразличен од конкурентните.


ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

• Специјал со своето долгогодишно искуство, стручност и професионалност произведува и пласира пекарски, слаткарски и готвени јадења со извонреден квалитет.
• Специјал се стреми кон производство на високо квалитетна безбедна и здравстевно исправна храна, почитувајќи ги барањата на HACCP, меѓународните стандарди од оваа област и релевантните законски барања.
• Специјал континуирано го следи степенот на задоволство на потрошувачите и клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи, развој на нови производи, како и за усовршување на Системот за управување со квалитет.
• Врвното Раководството на Специјал обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели на компанијата.
• Специјал се стреми да одржува тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.
• Специјал го поддржува Системот за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
• Специјал се стреми навремено да ги идентификува ризиците во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на производите, процесите и Системот за управување со квалитет.
• Специјал во своето работење применува процесен приод и врши идентификување, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на производите. Определува и собира неопходни информации за перформасите на процесите и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност.
• Раководството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

Управител: Горан Ѓорѓиевски
Скопје, 06.12.2017


ПОЛИТИКА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

• Специјал целосно ги почитува важечките национални, законски и други барања од областа на заштита на животната средина;
• Специјал обезбедува континуирана обука, едукација и поттикнување на вработените во правец на подигање на еколошката свест и одговорност, како и за реагирање во случај на настанување на вонредна состојба;
• Специјал го следи функционирањето на Системот за управување со животна средина со цел континуирано унапредување и заштита на животната средина;
• Специјал се стреми кон промовирање и усвојување на политиката за заштита на животната средина од страна на добавувачите и соработниците;
• Специјал врши контрола на работните процеси заради обезбедување ефикасност на мерките за заштита на животната средина;
• Специјал се стреми кон ефикасно искористување на енергијата, со цел зачувување на природните ресурси;
• Специјал се стреми кон заштита на животната средина и превентивно делува преку соодветно управување со отпадот и намалување на негативните последици од сопствените активности по животната средина.
• Специјал промовира и поттикнува размена на знаења и искуства од областа на заштита на животната средина со други сродни домашни и странски деловни субјекти;
• Специјал го поддржува Системот за управување со животната средина во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 14001:2015;
• Раководството на Специјал ги утврдува значајните аспекти на животната средина и периодично извршува контрола на политиката, на целите и аспектите за животната средина;
• Специјал се стреми навремено да ги идентификува ризиците во однос на животната средина и можностите за континуирано унапредувње на Системот за управување со животната средина.

Управител: Горан Ѓорѓиевски
Скопје, 07.12.2017